„Балансерот, врамнотежувачот, ќе добие законско решение. Раководителите на институциите, кои нема да ја почитуваат правичната застапеност, ќе се соочат со казни. Ова го порача вицепремиерот Изет Меџити на средбата со граѓаните во Јегуновце.“ – објави ТВ Алсат
Телевизијата ја пренесува изјавата, која ја даде Изет Меџити, лидерот на Демократското движење, од коалицијата Вреди, и вицепремиер, во овој контекст: „Имам одлуки со потпис за сите, кои биле против балансерот, со име и презиме, кога самите одлучуваа за балансерот во владата. Ова не се само зборови, туку и стенограми во владата за мислењата на нивните министерства. Сега тие истите излегуваат со шатори да протестираат дека се укинува балансерот. Ние ви велиме да не се грижите, бидејќи ќе изготвиме законско решение за балансерот, што ќе биде закон и обврска за секој директор, министер, функционер. Оној што нема да ја примени правичната застапеност ќе се соочи со казни било како институција, како правно лице, било како физичко лице, директор или министер.“





