Франција се утеши со бронза, Португалија не погоди за продолженија

Европскиот првак Франција го освои бронзениот медал на 29. Светско првенство за ракометари во Хрватска, Данска и Норвешка, совладувајќи го најпријатното изненадување Португалија со 35:34 во малото финале што го водеа македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.



Голема услуга на шесткратниот планетарен шампионат му направи меч-винерот против Германија во четвртфиналето Мартим Кошта, кој не го реализира направениот вишок за него на десно крило во последните секунди, погодувајќи го од широк агол францускиот голман Шарл Болцингер.

Наместо продолженија, Португалците на крајот за малку останаа без прв медал на мундијалите откако првпат стигнаа до полуфинале, а за Французите ова е петта бронза, покрај шесте злата и двете сребра на СП.

Ајмерик Мин со 10/13 беше прво име во победничката селекција и на натпреварот во Осло, а во поразениот тим so 8/11 sе издвои Франсиско Кошта, кому постигнатите 54 гола и 22 асистенции му го донесоа признанието за најдобар млад играч на првенството.