Меѓународна акција – македонската, српската полиција и ЕВРОПОЛ во потрага по фалсификаторите на пари

Српската полиција, како дел од големата меѓународна полициска акција за откривање на фалсификатори на евра, во која учествува и македонската полиција, денеска во Нови Сад, Нови Пазар, Суботица и Сомбор приведе шест луѓе.



Акцијата на српската полиција е во координација со македонската полиција и со ЕВРОПОЛ.

Во Србија денеска се приведени Иван Ж.Петровиќ (1978) и Иван И. Петровиќ (1999) од Суботица, Аќиф Бихорац (1955) од Нови Пазар, Слободан Новаковиќ (1962) и Сава Осман (1985) од Нови Сад и Зоран Налог (1978) од Бачки Моноштор, општина Сомбор.

Македонското Министерство за внатрешни работи, преку Бирото за јавна безбедност, спроведува акција за откривање на фалсификувани пари.

Акцијата е под кодно име „Вардар“