Пронајден мобилниот на исчезнатиот Миле Тодоров

Пронајден е телефонот на исчезнатиот 28 годишен Миле Тодоров од Неготино, а семејството бара помош од институциите за негово пронаоѓање.



Мобилниот телефон е пронајден покрај реката Луда Мара, помеѓу Глишиќ и Марена, односно во близина на локацијата позната како Три багрема, објави Фокус. 

Тодоров од Неготино, кој на 30-ти јануари околу осум часот наутро, откако дал отказ на работното место во Кавадарци, заминал во непознат правец.

Од информациите кои ги има неговото семејство, тој најверојатно пеш тргнал од Кавадарци кон Неготино и околу 10.30 часот е забележан кај селото Марена.