Продажбата во 8-те големи ланци на маркети вчера паднала за 46 отсто во споредба со минатиот петок

  Во текот на вчерашниот ден до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет за 8те ланци на маркети во износ од 114,293,367 денари. За разлика од вчера, во текот на денот пред бојкотот на маркетите односно во четвртокот на 30.01.2025 година до полноќ, бил регистриран вкупен промет во износ од 212,782,151 денари. 



Минатиот петок на 24.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП бил регистриран вкупен промет во износ од  213,985,705 денари.

– Според споредбената анализа на податоците, во петок, 31.01.2025 година во однос на петок, 24.01.2025 година, во осумте поголеми ланци на маркети е забележан пад на вкупниот промет за 46.59%. Во петок, 31.01.2025 година, во однос на четврток, 30.01.2025 година, во осумте поголеми ланци на маркети е забележан пад на вкупниот промет за 46.29%, информираат од УЈП.