Г.г. Стефан: Да ни се признае местото во православното семејство

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија Г.Г. Стефан во посланието  испратено по повод Велигден изрази надеж дека МПЦ-ОА ќе си го врати своето место во сеправославното семејство.



За жал, еве, и по 60 години, црковно оправданата постапка на македонскиот православен народ е дочекува со неодобрување преку селективното и и пристрасно разбирање на каноните, кои се толкуваат според нечија дневна потреба, се вели во посланието.

„Но не не губиме надеж…Затоа трпеливо молиме, бараме и чукаме на портите од срцата и совеста на нашите православни браќа. А што бараме?  Бараме да не препознаат дека сме тоа што сме биле – чеда на своја вековна црква во која исповедаме и живееме, според верата на апостолите и на отците, верата православна – верата што ја утврди вселената“.

Зашто, се вели во посланието на Г.г. Стефан, со нашата полна црковна самостојност ќе се умножи Црквата Христова.