„Древниот“ Ахмети: На оваа територија не сме Арапи од Алжир, доселени во Франција, туку поколение на нашите прадедовци, заедно со сонцето!

„Ние не сме Арапи од Алжир, доселени во Франција, туку сме поколение на нашите прадедовци уште од древните времиња на овие територии, заедно со сонцето! Тие знаат многу добро кои сме ние. Не сме ги потцениле никогаш нашите македонски граѓани и затоа оваа земја има потреба за мир.“ – изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети вечерва, на 31 јануари 2025 година, на партискиот собир, одржан во селото Желино, Тетовско. Ова го објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.

Во веста агенцијата дополнува: Зборувајќи за албанскиот јазик, Ахмети истакна: „Не ни треба да се враќаме назад.“