Возачот убиец на младата дизајнерка прегазена во Скопје во близина на Силно требало претходно да биде осуден до 2,5 години затвор за дилање дрога, тврди скопски адвокат.
Адвокатото Јанаки Митровски вели дека возачот Васил Јованов кој со 130 на час ја прегазил 22 годишната Фросина Кулакова морал да заврши преходно в затвор за дилање дрога но од непознати причини тој останал на слобода.
Според адвокатот Јованов бил ,,ваден” за да не биде в затвор.
,,Дури и во услови кога постои законски исклучок да му се изрече заводска мерка бидејќи немал наполнети 21 година, тој исклучок е крајно рестриктивен и е врзан за неговата личност и околностите под кои е сторено делото.
Фатен е со 80 паковки амфетамин за кој по праксата на скопскиот кривичен суд би добил 1,5 до 2,5 години затвор.
Наместо ќорка е на слобода и наместо да му биде wake up call, батето пијано и без возачка гази нечија ќерка и сестра небаре е куче на улица. Детево е вадено и тоа од МАРС се гледа. Дополнително имал десет прекршочни со кои си го бришел задникот бидејќи му било гајле, пак си возел сепак тате и мама се тука да го вадат.
Очекувајте на судењето кое следи некое спектакуларно вештачење дека пешакот е виновен, го изненадил. Ова БУКВАЛНО сум го видел на предмет. Банана држава би било пофалба за Monkeydonia!!!”, пишува Митровски.
Најчитани статии
Expres.mk изразува најдлабоко сочувство до семејството
IN NEMORIAM: На 42 години замина одличен новинар и уште подобар човек






