Министерот Перински со амбиција да биде градоначалник на Скопје (ВИДЕО)

Министерот за локална самоуправа Златко Перински, вели дека е убеден дека идниот градоначалник на Скопје ќе биде од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.



Во гостување на „Клик Плус“ на ТВ21 синоќа тој рече рече дека има амбиција да биде иден градоначалник на главниот град

„Јавно ја искажав мојата амбиција за градоначалничкото место, но сепак, треба да му дадеме шанса на времето. Јас верувам дека предлогот кој ќе се даде од Мицкоски до извршните тела ќе биде најсодветното решение, и убеден сум дека тој предлог ќе биде идниот градоначалник на Скопје. Уживам во она што го работам, се трудам да го дадам максимумот, но сигурно дека градоначалничкото столче би ми било голем предизвик“, рече Перински.

Перински вели дека има многу визии за Скопје.

„Скопје како град го зафати сивило, не сум видел насмевка на лице на ниту еден скопјанец и тоа е од многу фактори. А, ако тргнеме од елементарните како што се загадување, јавен превоз, одлагање на смет, тие се во делот на политиката, ние немаме нормален живот во Скопје. Немаме културен настан не се сеќавам од кога. Имаме културни домови во општините кои зјаат празни, немаат програми, немаме случувања за пензионерите, за повозрасните, за најмалите. Ако немаме трговски центар во сабота во зима немаме каде да отидеме“, рече актуелниот министер за локална самоуправа.

додава министерот за локална самоуправа.