Арифи: Трамп е лош пример за Р*М, помилувајќи ги напаѓачите во Капитолот во САД, поттикна амнестија за насилниците во Собранието во 2017!

„Неодамнешната одлука на Доналд Трамп да помилува околу 1500 лица, вклучени во нападот на американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година, предизвика големи расправи ширум светот. Овој чин, без преседан по својот обем и влијание, не е само внатрешно американско прашање. Како претседател на најмоќната земја во светот, постапките на Трамп одекнуваат надвор од САД, поставувајќи опасен преседан, кој може да ги охрабри противдемократските сили ширум светот. Јасен пример за ова може да се види во * Македонија, каде што само еден ден по помилувањата на Трамп судот во земјата донесе закон за амнестија, со кој се ослободија организаторите на нападот врз Собранието на Р*М на 27 април 2017 година. Дали е ова само случајност, или покажува вознемирувачки модел на легитимизирање на нападите врз демократијата?“ – тврди д-р Беса Арифи, професорка во Правниот факултет на Штуловиот универзитет во Тетово, во својата колумна со наслов „Да раководиш со лош пример“. Во колумната, која ја објави информативниот портал на албански јазик „Порталб“, Арифи се огласува со нескриен напад кон новоизбраниот американски претседател, прогласувајќи го како „лош противдемократски пример за светот“ (?!), но и со напад кон сите милиони гласачи во САД, кои му дадоа доверба како способен и компетентен да ја води најмоќната држава во светот. Еднакво „смело“ Беса Арифи се обидува да им дели „правно-политички лекции“ и на надлежните судски органи и државни институции во врска со настаните во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година, поврзани непосредно со кршењето на уставот и законите, за да се избрише насилно името Република и да се изгласа исто така насилно „новото уставно име на државата Северна“, врз основа на „Преспанскиот договор“, а што беше повод за реакциите на народот и на сите оние, кои на овој, или оној начин упаднаа во Собранието тој ден. Според професорката Арифи, „нападот врз Собранието беше очајнички обид на тогашната владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ да ја спречи новата влада, предводена од социјалдемократите, да ја преземе власта по изборите во 2016 година и да ја поткопа волјата на народот преку насилство и уцени“. Таа воспоставува директна паралела меѓу овие настани во Република Македонија, според неа во „Северна Македонија“, со „нападот на американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година“, без да има соволно сознанија дали овој настан во САД бил поврзан со кражбата на изборната победа на Трамп во 2021 година, за што се повеќе докази излегуваат на површина дека се случило токму тоа, а што било повод за помалку, или повеќе соодветна реакција и на американскиот народ во тоа време.

Во својата колумна Беса Арифи пишува: Паралелите меѓу овие два случаи се јасни. Во двата случаја организирана толпа ја нападна највисоката законодавна институција, поттикната од политички личности, кои одбија да прифатат мирен пренос на власта. Во САД нападот на Капитол беше обид да се поништат резултатите од претседателските избори во 2020 година по поразот на Трамп. Во * Македонија, нападот врз Собранието беше очајнички обид на тогашната владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ, да ја спречи новата влада, предводена од социјалдемократите, да ја преземе власта по изборите во 2016 година и да ја поткопа волјата на народот преку насилство и уцени.

Сепак, вистинската опасност стои не само во овие напади, туку и во начинот, на кој потоа беа третирани од судскиот и политичкиот систем. Помилувањата на Трамп испратија јасна порака дека политичкото насилство може да помине неказнето, ако им служи на интересите на оние, кои се на власт. Слично на тоа одлуката во * Македонија да се одобри амнестија за организаторите на нападот на 27 април ги поткопува принципите на одговорност и правда. Овие постапки предизвикуваат сериозна загриженост за општото разбирање на демократијата: ако најмоќната демократија во светот е подготвена да им прости на оние, што се обидуваат да ја соборат, што ги спречува лидерите во послабите демократски системи да го следат истиот пат?

Познатиот историчар и филозоф Јувал Ноа Харари неодамна предупреди дека американскиот народ одигра опасна игра со реизборот на Трамп. Основен принцип на демократијата е дека избраниот лидер, по завршувањето на неговиот или нејзиниот мандат, ја предава власта на народот, кој потоа го избира следниот лидер преку слободни и фер избори. Сепак, постапките на Трамп на 6 јануари покажаа опасна неподготвеност да се почитува овој принцип. Неговото одбивање да прифати пораз и поттикнување на насилство сигнализираше дека тој е подготвен да ја задржи власта со средства што им пркосат на демократските норми. Овој начин на размислување не е единствен за Трамп, туку се повторува во кревките демократии низ светот, каде што лидерите бараат алтернативни методи – често недемократски и повремено насилни – за да останат на власт подолго.

Последиците од овие настани се длабоки. Тие создаваат преседан да можат нападите да се оправдаат нападите врз демократските институции, или, уште полошо, да се толерираат. Тие ги охрабруваат оние кои веруваат дека можат да ја преземат, или да ка држат власта со сила, разнишувајќи ги темелите на демократијата. Ако најмоќната демократија во светот ги пратставува како нормални овие акции, каква надеж останува за помалите, поранливи народи, кои се обидуваат да ги одбранат демократските вредности?

Историјата покажа дека демократијата не е самоодржлива; таа бара будност, одговорност и непоколеблива посветеност на владеењето на правото. Кога лидерите избираат да водат со лош пример, тие не го оштетуваат само сопственото наследство – тие ги загрозуваат демократските стремежи на нациите ширум светот. Помилувањата дадени во САД и одлуката за амнестија во * Македонија можеби изгледаат како изолирани инциденти, но заедно, тие раскажуваат вознемирувачка приказна: дека е на тест посветеноста на светот кон демократијата е на тест, а на некои места таа и се тресе.