Мапата на Дачиќ со Македонија како дел од Србија (ФОТО)

Мапата со која Македонија и припаѓа на Србија односно силите на Малата Антанта му нуделе територии на Белград, српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи ја покажал на Националната ТВ.



Во емисија на РТС Ивица Дачиќ објавил мапа од 1915 година кога српската влада на Никола Пашиќ направил историска грешка и наместо да ја добие Македонија, Црна Гора, Босна, Косово и делови од Албанија тој се решил да ја гради Југославија заедно со Хрватска и Словенија.

Тоа според Дачиќ било голема грешка затоа што на Лондонската конференција Србија добила подобра понуда со Македонија во неа.

На мапата територијата на Македонија е обоена со иста боја како и Србија за разлика од Црна Гора и Босна што имплицира дека таму живеел ист народ со српскиот.