Американскиот претседател Доналд Трамп изрази уверување дека судирот меѓу американски воен хеликоптер и патнички авион на Американ ерлајнс можел и требало да се спречи.
“Авионот беше на совршена и рутинска линија за пристап до аеродромот. Хеликоптерот долго време се движеше право кон авионот.
Беше ЈАСНА НОЌ, светлата во авионот беа запалени, зошто хеликоптерот не се качи нагоре или надолу, или сврти се зошто контролната кула не му кажала на хеликоптерот што треба да направи наместо да праша дали го виделе авионот. напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.
„Каква страшна ноќ беше ова. Господ да ве благослови сите“, рече Трамп во друга објава.
Да потсетиме, во американските медиуми се појавија детали за последните моменти пред судирот. Новинската агенција Асошиетед прес пишува дека еден од контролорите на летот, на помалку од 30 секунди пред падот, го прашал пилотот на хеликоптерот дали може да го види авионот.






