Дел од биолошката терапија, два лека кои пациентите ги чекаа 10-тина дена, пристигнаа на Клиниката за радиотерапија и онкологија. Другиот дел од терапијата се очекува да стигне до крајот на неделава и почетокот на следната. Станува збор за биолошката терапија која се набавува со потпишување на анекс на постоечките договори – пренесе Телма.
„Работиме заедно со Фондот за здравствено осигурување за обезбедување на законска процедура на јавна набавка и се надеваме дека сето тоа ќе заврши во најдобар ред и ќе имаме континуитет на снабдување и на нови количини на лекови следната недела“ изјави проф.д-р Игор Стојковски, директор на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија.
Според Стојковски, се финишира и административната процедура за биолошката терапија која е обезбедена со донации која ќе пристигне наредната недела. Во интерес на пациентите тие ќе бидат информирани за пристигнување на истата. Со оваа количина на терапија се обезбедени пациентите до реализација на регуларната годишна набавка.






