Целта на законот што го подготвува австриската влада е а да се избегне дискриминација на девојчињата и да им се обезбеди нормален развој, изјави денеска канцеларот Себастијан Курц.
Како пшто пренесува ДПА канцеларот појаснил дека „забулувањето на мали деца не може да има место во нашата земја и затоа ние побаравме од министрите да подготват закон за заштита на децата…сметаме дека сите деца во Австрија треба да имаат еднакви можности, односно девојчињата и момчињата треба да имаат еднакви можности, и треба да се избегнува дискриминација во детската возраст“.
„Rазвој на паралелно општество е погубно за нашата земја“, оценил Курц.
За да се протурка новиот закон за забрана на хиџабот и на други видови за покривање на женските деца, двете десничарски партии во владата треба да добијат поддршка од една опозициска партија во парламентот, за да си обезбедат потребното двотретинско мнозинство.





