Вчера попладне било извлечено тело на жена од реката Вардар во скопски Аеродром.
На снимките кои ги доби Телма се гледа полициската интервенција и извлекувањето.
Од СВР Скопје ја потврдија несреќата:
„Денеска (28.01.2025) околу 12.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека е забележано женско тело во реката Вардар.
Околу 13 часот во близина на мостот Близнак, телото е извадено од реката од страна на полициски службеници од ПС Аеродром. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ соопштија од МВР.






