Законот за јазици „големо достигнување“, според шведскиот амбасадор

Матс Стафансон, амбасадор на Шведска во Македонија, го оценува како „големо достигнување“ насилно изгласаниот Закон за употреба на јазиците, со кој албанскиот јазик станува втор службен на целата територија на државата покрај македонскиот.



„Медениот месец можеби е завршен за Зоран Заев, но Законот за јазици, Договорот со Бугарија и обидот за решавање на спорот за името со Грција се големи достигнувања“, вели Стафансон во интервју за „Балкан инсајт“.

Насочувајќи се конкретно на Законот за јазици, Стафансон не можел да сфати како зголемените права на некоја етничка заедница може да се сметаат за нешто негативно за друга, при што било жално да се видат македонски интелектуалци што протестираат во врска со тоа.

„Жално е што нешто што го зголемува правото на еден етницитет се смета за штетно, негативно за другиот дел од населението“, вели тој. „Жално е да се видат луѓе како протестираат поради закон што им дава некои дополнителни можности или права на една етничка група, бидејќи беше многу тажно при крајот на 1990-тите да се видат луѓе што демонстрираа тпротив Универзитетот во Тетово или против Педагошка академија, да се видат македонски интелектуалци кои протестираат против фактот дека идните наставници во албанските училишта треба да бидат во можност да учат на свој јазик на универзитет“.