Квалитетот на македонските вина, веќе етаблирани на српскиот пазар, привлече големо внимание на јубилејниот десетти салон на виното „Вајн стајл“, кој се одржа минатиот викенд во хотелот „Зира“ во Белград.
„Овогодишниот салон ја потврди големата љубов на домашната публика кон црвените македонски вина, така што големата турканица на штандовите на винариите ‘Тиквеш’, ‘Бовин’, ‘Домен Лепово’ и ‘Стоби’ беше прилично вообичаена“, пишува српски „Вонаби магазин“.
Покрај внимателно одбраните домашни и регионални винарии (Македонија, Хрватска и Словенија), на салонот се претставија и производители на вино од Италија, Португалија и Франција.




