Со автомобил сакал да влета во руската амбасада во Стокхолм

Шведската полиција уапсила маж кој рано утринава се обидел со автомобил да мине низ вратите на руската амбасада во Стокхолм, јавува Ројтерс.



45-годишниот маж не успеал во обидот и бил уапсен поради сомнение за тежок напад.

Полицијата не соопштува дополнителни информации за идентитетот на мажот.

Портпаролот на полицијата изјави дека нема индикации за мотив и дека во возилото нема ништо сомнително.