Шок за невладини/граѓански организации: Амбасадата на САД запре со финансирање на проекти во Македонија

Амбасадата на САД од утрово ги информира сите невладини и други организации што веќе имаат добиено, па речиси и реализирано проекти во Македонија – да запрат со реализацијата и ништо да не исплаќаат.



Согласно извршната наредба на новиот претседател Доналд Трамп кој ја замрзна странската помош за сите земји, oсвен за Израел и Египет на 90 дена, последици има и за проектите поддржани од САД во Македонија.

Како штонпренесуваат дел од медиумите во земјава ова практично е првата последица од новата администрација на САД.

Според очекувањата последиците ќе бидат поголеми откако Трамп ќе почне да се справува со негативниот трговски биланс што го имаат САД со Европа.

Најчитани статии

Веледрогеријата Пановски директно обвинета

Мафијата на смртта е предводена од татко на соработничка на Филипче, обвинува пратеник во Собранието

Претседателката на местото на огромното злосторство: Ниту едно зло не треба да се заборави (ВИДЕО)