Никој не изел лилјак, ковид-вирусот избегал од лабораторија

Американската Централната разузнавачка агенција (ЦИА) го промени својот официјален став за потеклото на Ковид-19, во објава дека вирусот е „поверојатно“ да протекол од кинеска лабораторија отколку дека бил пренесен од животни.



Новата проценка доаѓа откако Џон Ретклиф во четвртокот беше потврден како директор на ЦИА во втората администрација на Доналд Трамп во Белата куќа. Ретклиф, служеше како директор на националното разузнавање од 2020 до 2021 година за време на првиот мандат на Трамп.

ЦИА соопшти дека е „поверојатно“ вирусот да „истекол“ од кинеска лабораторија отколку дека бил пренесен од животни, објави АФП.

„ЦИА со мала сигурност оценува дека потеклото на пандемијата COVID-19 поврзано со истражување е поверојатно отколку дека е од мприродно потекло “, рече портпаролот на американското разузнавање.

Ретклиф вели дека промената се заснова на нова анализа на постојните разузнавачки информации нарачана од поранешниот директор на ЦИА Вилијам Барнс, која беше завршена пред доаѓањето на Ретклиф на функцијата.