Претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ, потврди дека вонредната седница на Парламентот ќе биде закажана за 29 јануари и дека ќе се расправа за гласање доверба на Владата.
Брнабиќ за ТВ Прва изјави дека е јасно дека Владата на Србија има доверба, и дека пратениците од мнозинството ќе обезбедат кворум за таа дискусија, јави РСЕ.
Таа додаде дека „детски е што некои пратеници кои ја побараа таа дискусија, одлучуваат да не учествуваат во неа“.
„Утре имаме колегиум и тогаш ќе слушнам дали некој сака да учествува во работата или не“, рече Брнабиќ и додаде дека блокирањето на парламентот нема да биде можно.
За гласање недоверба на Владата е потребно мнозинство од вкупниот број пратеници, што е 250.
Владејачката Српска напредна партија, чиј лидер е премиерот Вучевиќ, има мнозинство во парламентот со коалициските партнери.
Лидерот на опозициската Демократска партија (ДС) Срѓан Миливојевиќ изјави дека ДС нема да учествува во најавената работа на парламентот.






