Одложени се денеска летовите од Истанбул, Дортмунд и Ајндховен поради ггустата магла на Меѓународниот аеродром во Скопје.
Поради густа магла попладнево вчера авиони на „Визер“ од Меминген и Баден Баден беа пренасочени и првиот слета во Приштина, а вториот во Софија. Авионот на „Лот“ од Варшава, пак, се врати назад кон Полска.
Беа откажани и летовите за Малме и Истанбул.






