Гренел не поддржува насилни протести во Србија

„Секогаш е важно да се крене гласот и се биде слушнат. Но, сите мора да го осудат насилството и да се држат до мирните демонстраци“ изјави Ричард Гренел, претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за специјални мисии.



Тој сподели видео од студентските протести во Србија преку објава на Твитер, коментирајќи дека е важно да се остават различни гласови да се слушнат, но дека „нема поддршка за оние кои „насилно ги напаѓаат државните институции“.

„Демократскиот процес мора да се почитува. Ние не ги поддржуваме оние кои го поткопуваат владеењето на правото или кои насилно сакаат да ја преземат власта. Ако не ви се допаѓа законот или лидерот, „работете на тоа да ги промените – но не прибегнувајте кон насилство“, објави Гренел.

 

Вучиќ: Во тек е обид за обоена револуција во Србија