За Државен архив ќе се гради нова зграда

Државен архив, кој претрпе големи штети за време на последните поплави и обилните врнежи од дожд во новата зграда на Археолошкиот музеј лоциран на кејот на Вардар, ќе добие нова зграда, одлучи вчера Владата.



„Владата на Република Македонија на денешната седница ја разгледа и усвои информацијата за надминување на проблемот со канцелариски простор и депото на Државен архив и по широките консултации и анализи на теренот, донесе предлог–решенија за овој прашање, кои предвидуваат изградба на нов објект за Државниот архив. Владата го задолжи Државниот архив, до конечната реализација на ова решение, да спроведе постапка за санација и за спречување на протекување на атмосферска вода во постоечкиот објект на кеј ‘Димитар Влахов’“, соопштија од Владата.