IN MEMORIAM: Замина еден од најголемите светски кошаркари кого често го гледавме во Македонија

По долго и тешко боледување утрово во Белград почина Дражен Далипагиќ, поранешен југословенски репрезентативец, легенда на светската кошарка и човек со неповторлив карактер!



Далипагиќ беше чест гостин во Скопје каде играше против КК Работнички во неговите златни времиња.

Роден е во Мостар на 27 ноември 1951 година, тој е член на Куќата на славните и победник на најголемите натпреварувања на клупско и репрезентативно ниво.

На Партизан му се приклучил во 1971 година, каде што стана најдобар стрелец во клупската историја! По Праја, низ Партизан поминаа низа големи играчи и легенди на светската кошарка, но никој никогаш не се доближи до 8.278 поени!

Праја го носеше дресот на Партизан од 1971 до 1980 година, како и во сезоната 1981/82. Со црно-белите освои две титули (1976 и 1979), Купот на СФРЈ и два европски купа Радивоје Корач во 1978 и 1979 година, а со југословенската репрезентација – се!

Беше олимписки, светски и европски шампион. Тој беше избран меѓу 50-те луѓе кои придонесоа најмногу за Евролигата и меѓу 50-те најдобри играчи на ФИБА.

Дражен Далипагиќ играше во синиот дрес на Европските првенства во 1973, 1975, 1977, 1979, 1981, 1983 година, на Светските првенства во 1974, 1978, 1982, 1986 година и на Олимписките игри во 1984 и 1986 година. Тој одигра вкупно 243 натпревари од 1973 до 1986 година.

Тој го освои златото во 1978 година, среброто во 1974 година и бронзата во 1982 година и 1986 година на ЕП, и сребро во 1981. и бронза во 1979 г.

На индивидуален план Далипагиќ е добитник на бројни награди и признанија! Прогласен е за најдобар кошаркар на Европското првенство во 1977 година, а за најдобар кошаркар на Европа во 1977, 1978 и 1980 година. Италијанскиот кошаркарски весник „Супербаскет“ двапати му го додели признанието „Mr. Европа“, во 1977 и 1978 година, награда која му се доделува на најдобриот европски кошаркар, без разлика дали игра на Стариот континент или не. Во 1980 година ја добива кошаркарската награда Еуроскар.

Покрај за Партизан, Дражен Далипагиќ настапуваше и за Реал Мадрид, Удине, Венеција, Верона и Црвена звезда каде ја заврши кариерата во 1991 година.

По кариерата, Далипагиќ работеше и како кошаркарски тренер во Србија, Италија и Македонија, а беше и спортски функционер во националниот тим на Србија и БК Партизан.

Дражен бил оженет и татко на две деца.

Најчитани статии

Екс премиерот се кае што родената Виничанка воопшто е примена во Словенија

Македонка политичарка во Словенија прогласена за најглупа откако Илон Маск го прогласи за фашист