Македонија формално му се извини на Халид ел Масри за грабнувањето, држењето во незаконски притвор и предавањето на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) пред речиси 15 години, за време на тајната програма на ЦИА по терористичките напади во САД од 11 септември 2001 година.
Македонските сили за безбедност го уапсија германскиот државјанин Ел Масри на македонската граница на 31 декември 2003 година и го сослушуваа во тајност повеќе од три недели. Тие потоа им го предадоа на агентите на ЦИА, кои го одвеле во Авганистан, каде што тој бил затворен речиси четири месеци во нехумани услови, а потоа малтретиран во озлогласен објект на ЦИА. Кон крајот на мај 2004 година ЦИА го врати Ел Масри во Европа, оставајќи го на пат во Албанија долго откако американските власти заклучија дека заробиле погрешен човек.
На 13 декември 2012 година Европски суд за човекови права утврди дека Македонија прекршила неколку одредби од Европска конвенција за човекови права и досуди отштета од 60.000 евра, кои Владата подоцна ги плати.
Шест години подоцна, во писмото до Ел Масри од 26 март, македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров ги изразува своите „искрено извинување и безрезервирно жалење“ за она што тој го опиша како „несоодветно однесување на нашите власти“ во 2004 година. Тој ги нотира и „неизмерните и болни искуства и сериозни физички и психолошки повреди“ како последица од тоа.
Халид ел Масри (54), кој има и либанско државјанство, е дел од, наводно, 3.000 притвореници киднапирани од ЦИА меѓу 2001 и 2005 година.





