Демократската унија за интеграција преку коминике вели дека ДУИ останува единствениот политички форум кој ги штити историските достигнувања на Албанците.
Според нив, ВРЕДИ со поддршка од 1 процент (мислејќи веројато на поголемата поддршка во однос на интегративците на последните избори – н.з. ) не може да ги заштити албанските интереси, туку може да станат само вазали.
„Со поддршка од 1% станувате 100% вазали! – ѝ порачуваат на коалицијата ВРЕДИ.
„Со поддршка од 1% не можете да зборувате во име на албанскиот народ.
Со поддршка од 1% не можете да ги браните историските достигнувања на Мировниот договор за еднаквост од 2001 година.
Со поддршка од 1% не можете да го браните официјалниот статус на албанскиот јазик.
Со поддршка од 1% ве принудуваат да најдете позитивни причини дури и за отстранување на балансерот.
Со 1% поддршка го сквернават знамето и не дозволуваат ни да барате казнени мерки за прекршителите.
Со 1% поддршка, судовите стануваат инструмент на моноетничка агенда.
Со поддршка од 1% не можеш ни да ја споменеш Европската Унија.
Со поддршка од 1% кадрите си даваат оставки од институциите бидејќи воопшто не се бројат.
Со 1% поддршка, станувате само 100% вазал!
ДУИ останува единствената политичка сила која ги штити историските достигнувања и аспирации на Албанците во Северна Македонија!- се вели во соопштението од Мала Решица што го бјави порталот Телеграфи






