Тажна годишнина – 44 години од раѓањето на Тоше Проески

Со програма насловена „Ангел си ти“ денеска во Крушево ќе бидат одбележани 44 години од раѓањето на Тоше Проески.



Бројни фанови и поддржувачи на Тоше од земјава и странство ќе го посетат неговото вечно почивалиште на Гумење, а ќе го посетат и Спомен домот „Тодор Проески“ каде се наоѓаат неговите лични работи кои вечно го будат споменот за него.
Неговите фанови велат дека Тоше има само ден на раѓање.

 

Од 9 до 16 часот во Спомен домот ќе се оддржи крводарителска акција, а во 11:15 часот кога Тоше се родил, ќе се положи цвеќе на неговото вечно почивалиште.

Во Крушево е најавено присуство на министерот за култура Зоран Љутков.

Проески загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година кај Нова Градишка, Хрватска.