Од вчера Шуто Оризари повторно остана без јавен превоз, објави градоначалникот на општината Курто Дудуш на Фејсбук истовремено прашувајќи дали можеби тој треба и смее даобезбеди превоз за своите сограѓани.
„Граѓаните на минусни температури повторно со часови на автобуските постројки! ЈСП – Град Скопје доколку се снајдам и обезбедам превоз за моите сограѓани и за тоа ли ќе ме обвините за незаконско вршење на превоз на патници?
Со измислени фактички ситуации, извртувања на надлежностите, мандатни казни од 3 х 5.3000€, мислите дека ќе не замолчите како заедница? напиша Дудуш на својот ФБ профил.
„Срам – неспособност -дискриминација3, додаде тој.






