Активен напаѓач, односно вооружен напаѓач од женски пол, вечерва ранил најмалку четворица во седиштето на компанијата „Јутјуб“ во местото Сан Бруно јужно од Сан Франциско.
Според Си-Ен-Ен, пред компанијата има возила на Брза помош, кои пренесуваат ранети во болница, а полицијата објави дека реагирала на повици според кои во зградата на „Јутјуб“ има активен напаѓач. Локалните власти ги повикаа граѓаните да ја избегнуваат областа.
Очевидци тврдат дека слушнале истрели, а за време на евакуацијата на скалите имало траги од крв.
Од компанијата „Гугл“, која е сопственик на „Јутјуб“, објавија дека се испитува „можно пукање“.
Неповрдени информации велат дека напаѓачот-жена е убиен од страна на полицијата.




