Мицкоски од Њујорк во Петровец – „Нема време за чекање“

Премиерот Христијан Мицкоски по пристигнувањето од САД, днеска се очекува да присуствува на отпочнување на градежните активности на патот Градманци-Петровец.



Денес околу пладне,премиерот ќе изврши увид во градежните активности на патот Катланово-Градманци во Општина Петровец.

За овој пат во должина од 2 километри и 400 метри се обезбедени 12,2 милиони денари од Владата преку унгарскиот кредит.