Денес околу пладнето претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе изврши увид во градежните активности на патот Катланово-Градманци во Општина Петровец. За овој пат во должина од 2 километри и 400 метри се обезбедени 12,2 милиони денари од Владата преку унгарскиот кредит.
Започната е втората и завршна фаза на доизградбата на детската градинка за згрижување 70 дечиња. Владата на Република Македонија обезбеди околу 9,5 милиони денари од унгарскиот кредит.
Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите.



