Следната недела стопанството треба да ги добие парите од унгарскиот заем

Веќе од следната недела, најверојатно од вторник, македонската Влада ќе ги усвои двата договори, неопходни за користење на унгарскиот заем за македонското стопанство. Па така, ден потоа, бизнисот ќе може да аплицира за ветените 250 милиони евра, велат од Владата. За да можат да ги користат овие пари компаниите, неопходно е на владина седница да се допрецизираат условите кои ќе треба да ги исполнат, но и да се дефинира начинот како ќе се префрлаат парите.



Според најавите, откако ова ќе се заврши банкарите ќе треба да ги добијат договорите а компаниите да ги поднесуваат прокетите.

  • „Како Влада најавивме дека на крајот на месец јануари се очекува кредитната линија да стане оперативна, тоа е веќе следната недела и олекувам дека на таа владина седница сите овие процедури ќе бидат заврешни по што компаниите ќе може да ги користат овие финансиски средства,“ изјави портпаролката на Владата, Марија Митева.

Од вкупно 500 милиони евра од унагрскиот заем, средства кои на сметка на државата легнаа лани во октомври – 250 беа наменети за општини, 250 за бизнисот. Кредитите ќе бидат со фикасна каматна стапка од 1,95%, рок на отплата до 15 години со 3 години грајс период.

Комерцијалните банки уште во декември лани почнаа преговори за заинтересираните клиенти. Првично парите беа најавени дека ќе ги користат производствените компании, за опрема и погони, како и оние кои ќе инвестираат во обновливи извори за сопствена употреба.

Минатата недела владата ги смени условите и дозволи со унгарските пари да можат да се градат и комерцијални енергетски капацитети, за трговија со струја, односно и оние кои ќе градат мали хидроцентрали и ветерници. 

Компаниите кои ќе сакаат да земат од овие кредити ќе треба да имаат 20 % учество а максималниот износ на кредиот е 10 милиони евра. Првичните најави беа дека кредитната линија ќе биде наменета за финсисрање на дејноста производство, односно за инвестиции во опрема, машини, погони, фабрики но премиерот Мицкоски неодамна изјави дека парите ќе може да се користат и за изградба на трговски центри.

Банкарите сметаат дека ова нема да го наруши постојниот концепт и дека секоја финансиска поддршка со која ќе се унапреди производството на зелена енергија во земјата е добредојдена.

  • Ниту една кредитна линија која нуди поволни услови за финансирање на производство на зелена енергија не треба да се гледа како нарушување на постојните состојби“, велат од Македонската банкараска асоцијација, од каде што додават дека нашата земја значително заостанува во овој сегмент и има многу простор за унапредување и зголемување на производството на овој вид енергија.
  • Во таа смисла, сакаме да истакнеме дека  кредитна линија која има каматна стапка од 1,95% за крајниот корисник е можеби еден од ретките начини државата да помогне во зелената транзиција, особено што одредени проекти, како на пример ветерните паркови се исклучително комплексни за реализација и финансирање, така што единствен начин успешно да се реализираат во делот на изградбата и инсталацијата е да постои државна поддршка“, велат од МБА.