На средба одржана во вилата Водно гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска ја информирала претседателката Гордана Сиљановска Давкова за економските состојби и проекции.
,,На денешната средба гувернерката на народната банка на Македонија Анита Ангеловска-Бежоска, темелно ме информираше за економските состојби и очекувања согласно нивните макроекономски проекции.
Неопходно е да обезбедиме одржлив економски раст, да ја заштитиме економијата од надворешни шокови и да ја одржиме довербата на јавноста во финансиските системи.
Ценовната и финансиската стабилност се основа за создавање просперитетна иднина за граѓаните, инвеститорите и бизнисите.
Народната банка има клучна улога во заштитата на овие фундаменти.

Ја поздравувам и ја поддржувам нејзината силна посветеност на доследното спроведување на мерките и одржување на здрави монетарни и финансиски политики, со крајна цел – градење на стабилна и предвидлива економска средина”, се вели во објавата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова.






