Премиерот со честитка до ракометарите: Вие сте гордост на Македонија!

Победата на Македонија над Катар во рамки на светското првенство во ракомет ја честиташе премиерот Христијан Мицкоски – – – Честитки за победата! Македонските ракометари уште еднаш ја покажаа својата сила, упорност и сплотеност на теренот. Со вашата борбеност и срце оставено на терен, ја израдувавте целата нација. Вие сте гордост на Македонија! Продолжете да нѐ правите сите горди! – напиша Мицкоски