Скопскиот аеродром доби нов натпис

Меѓународниот аеродром – Скопје го доби новиот натпис откако на 24 февруари пред почна демонтирање на буквите на старото име „Александар велики“.



Буквите се со иста големина и боја како на поранешниот натпис.

Со одлука на владата од јануари беше преминуван скопскиот аеродром од „Александар Велики“ во Меѓународен аеродром – Скопје како знак на добра волја во односите со Грција, по што кон крајот на март на преименуваниот аеродром по 12 години слета грчки авион во кој беше грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕијас.

Истовремено, владата го преименуваше и автопатот „Алксандар“ во автопат „Пријателство“.