Левендис: И без Каменос ќе помине ново име!

Лидерот на партијата „Унија на центристи“, Василис Левендис, денеска изјави дека предлогот за име за „БЈРМ“ ќе биде усвоен во парламентот, дури и ако за тоа не се изјасни помалиот коалициски партнер во владата, „Независни Грци“(АНЕЛ) на Панос Каменос.



Каменос се противи на терминот „Македонија“ во идното име поради што опозицијата ја критикува владејачкатакоалиција СИРИЗА-АНЕЛ дека нема единствен став за ова значајно „национално“ прашање.

Левендис рече дека „Комунистичката партија на Грција (ККЕ) и неговата партија се подготвени да гласаат за [предлогот] доколку се отстранат иредентистичките елементи“, пренесе АНА-МПА.

Тој попладнево треба да биде информиран за најновите случувања околу прашањето за името на средба со министерот за надворешни работи, Никос Котиас.