По плаќањето на милијарди долари казна за скандалот со лажирање на податоците нза емисиите на штетни гасови што ги испуштаат возилата, „Фолксваген“ сега мора да обезбеди паркинг за илјадници дизел автомобили низ цела Америка.



Германскиот производител на автомобили платил повеќе од 7,4 милијарди американски долари за купување локации каде ќе бидат сместени речиси 350.000 дизел возила во САД, пишува Ројтерс.

Најголемиот светски автомобилски роизводител, наводно, сега поседува 37 локации за складирање на забранетите автомобили, меѓу кои фудбалски стадион во Мичиген, поранешеан фабрика за хартија во Минесота, како и дел пустината во Калифорнија…