Тренирање строгост со Македонците = празна арена во Вараждин

Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) и соорганизаторот Хрватска го добија тоа што (не) го бараа – празна сала во Вараждин на стартот од главната фаза на 29. Светско првенство поради „егзодусот“ на „Македонската фаланга“.



Одвај стотина навивачи на Македонија на натпреварот со Австрија беше тажниот контраст во однос на првиот круг на мундијалот, посебно на средбата со Холандија, кога во вараждинската арена се собраа речиси две илјади фанови на „црвено-жолтите“.

Театарската атмосфера и финансиската загуба од отсуството на Македонците се должи на тренирањето строгост кон нив – прогонот на македонското етничко знаме со Сонцето од Кутлеш, казнувањето и исфрлувањето од салата поради официјалното државно обележје на Република Македонија од 1992 до 1995 година, си го зедоа данокот.

Судиската лакрдија во дуелот со Холанѓаните, која рано го уништи потајно сонуваниот сон за четвртфинале, како и зголеманата цена на влезниците од 70 евра, дополнително и драстично ги проретчија македонските редови на трибините, кои сега не оддаваат впечаток дека се игра планетарен шампионат во ракомет.

Најчитани статии Тројца судии го носат тешкото бреме на неправдата предизвикана од моќ и пари
Мајка и син пред неправда на векот: Битолска апелација одлучува дали ќе додели дете на осуден насилник од моќна македонска фамилија