БЕСА: Заев да го разреши Каевски како лекција за сите (ВИДЕО)

Објавувањето на збирката песни од Агенцијата за млади и спорт, во која се користи навредлив јазик кон Албанците, не треба да помине без казнување, сметаат од движењето БЕСА на лидерот Африм Гаши и бараат премиерот Зоран Заев да го разреши директорот на АМС, Дарко Каевски.



„Во спротивно, ќе треба да заклучиме дека и владата го подржува таквото издание“ велат од БЕСА од каде бараат разрешувањето да биде „лекција за сите други“, а владата воедно да докаже дека мотото „едно општество“ не било само блеф.

Претходно и Алијансата за Албанците на Зијадин Села реагираше со оценка дека тенавреди како „швалер”, „скиптар“ потсетувало на времето на ВМРО и ДУИ и на „објавувањето на македонската енциклопедија од страна на МАНУ, каде што исто така Албанците беа навредени и квалификувани како дивјаци кои дошле од планините“.