Снемало вода за парно греење – нема во повеќе делови од градот или е на минимум

Во повеќе делови од Скопје утрово жителите се без парно греење или е намалено.



Од ЕСМ Снабдување информираат дека поради зголемени загуби на вода во топлификациската мрежа е намалена испораката на топлинска енергија. Парно греење нема во делови од скопските населби Ново Лисиче, Аеродром, но и во други населени места, јавува Телма.

Од ЕСМ Снабдување соопштуваат дека екипите на Дистрибуција на топлина се на терен и активно работат на изолирање на проблемот, со цел воспоставување стабилен хидрауличен режим во системот и нормализација на снабдувањето со топлинска енергија.

Двегодишната тотална негрижата и неодржување на дистрибутивната мрежа од претходното раководство кое несовесно и неодговорно ја раководеа компанијата придонесуваат за појава на вакви неочекувани дефекти. Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина продолжуваат со работа, со вложување на максимални напори за што побрзо отстранување на дефектот, по што ќе следи нормализирање на испораката на топлинска енергија за потрошувачите кои се снабдуваат со топлинска енергија од тој магистрален вод – вели Петар Милетиќ, директор на ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија.

Очекувањата се дека за бргу ќе биде нормализирано снабдувањето.