Ова го соопшти лично бугарскиот претседател, јавува „Сега“.
„Во основа, американската страна и Белата куќа не канат странски гости на инаугурацијата, таквите покани доаѓаат од Сенатот, за нас е многу поважно да ги развиваме нашите односи со САД на сите нивоа, на највисоко политичко ниво… и ќе продолжиме да работиме во оваа насока“, рече Радев.
И лидерот на „Преродба“ (Вазраждане) Костадин Костадинов се пофали дека има покана за инаугурацијата, но нема да оди бидејќи ја добил во последен момент.
„Благодарам за поканата, но веројатно нема да успеам од денес, 15:06 часот, до утре во 7 часот наутро. Малку комплицирано да се стигне од Варна до Вашингтон за толку кратко време“, рече лидерот. на „Вазраждане“.





