Израел ослободи 90 палестински затвореници во неделата, на првиот ден од примирјето по 15-месечната војна што го опустоши Појасот Газа и го разгоре Блискиот Исток, јавува Ројтерс.
Меѓу ослободените од израелските затвори има 69 жени и 21 тинејџер од Западниот Брег и Ерусалим, според податоците на групата Хамас.
Затворениците, од кои повеќето беа ослободени рано денеска од затворот Офер во Рамала на окупираниот Западен Брег, беа пречекани со овации од илјадници луѓе кои вееја палестински знамиња и знамиња на Хамас.
Семејствата и пријателите чекаа со часови на студ за да ги прегрнат своите најблиски, ослободени како што беше договорено.
Меѓу ослободените беше и Шата Џараба (24), кој беше уапсен поради објава на социјалните мрежи во која ја критикуваше „бруталноста“ на израелската кампања во Газа. “Многу сум среќна! Фала му на Бога, излезена сум. Многу лошо се однесуваа со мене во затворот. Беше страшно”, рекла таа за Гардијан.






