Мартин Гочовски Гоџо од Варош беше најсреќен меѓу стотината капачи и успеа да го фати крстот во Охридското езеро.
28 годишниот Мартин посака здравје и спасение за своите сограѓани и сите христијани.
За прв пат оваа година водите на Охридското езеро ги освети Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, кој и го положи Чесниот крст во езерските води.
Инаку, ова е втора година како Мартин успева да го извади крстот од осветените води на Охридското езеро.






