Посебен сообраќаен режим по повод денешниот празник Водици

Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска, по повод верскиот празник Водици воведува посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров, Кисела Вода и Аеродром.



Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена улицата „Филип Втори Македонски“ на потег од крстосница со булеварот „Гоце Делчев“ до крстосница со улицата „11-ти Октомври“ во двете насоки.

Во општина Кисела Вода за сообраќај ќе бидат затворени улиците „14-ти Декември“ и дел од улицата „Христо Татарчев“ до салата „Расадник“.

Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, булеварот „Партизански Одреди“ до улицата „Ѓорче Петров“, потоа улицата „Ѓорче Петров“ до улицата „Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, улицата „Козле“, дел од улицата „Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар.