Учениците од сновните и средните училишта од утре се враќаат на настава во второто полугодие од учебната 2024/2025 година по три неделниот зимски распуст.
За разлика од лани, во второто полугодие ќе нема пролетен распуст и оваа учебна година нема да биде продолжена туку ќе заврши на 10 јуни.
Министерството за образование и наука објави дека мнозинството анкетирани наставници, родители и ученици од повисоките одделенија се изјасниле дека „не сакаат пролетен распуст“.






