Кому му пречи силна Македонија, прашува ексвардарецот Терзиќ

Поранешниот ракометар на Вардар и српски репрезентативец Стефан Терзиќ застана во одбрана на Македонија по судискиот грабеж против Холандија во второто коло на 29. Светско првенство во Норвешка, Данска и Хрватска.



„Македонците го разбираат ракометот“, прокоментира 30-годишниот десен бек, кој го носеше црвено-црниот дрес од 2013 до 2015 година.

„Кому му пречи силна Македонија?“, праша освојувачот на Лигата на шампионите во 2013 година со Хамбург во одговор на реакција под неговата објава на Фејсбук.