Белград против учество на Косово на самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија

Србија официјално се спротивстави на учеството на Косово на најавениот Самит ЕУ- Западен Балкан во Софија.



Премиерката Ана Брнабиќ го оцени како „политички нонсенс“ присуството на Косово на средбата на врвот на 17-ти мај.

Шпанија, Романија и Кипар најавија дека ќе го бојкотираат Самитот ЕУ – Западен Балканво Софија бидејќи не сакаат да бидат на иста маса со косовскиот претседател Хашим Тачи.

Брнабиќ велидека „одлуката за учество во овој форум на властите во Белград ќе зависи од потезите на Приштина во однос на формирањето на Здружението на српските општини во Косово“.

Брнабиќ, додаде дека „Косово дури и теоретски не може да присуствува на овој форум како земја…Косово не е држава, туку округ во рамките на Република Србија“.

Пет земји членки на ЕУ, „мислат на овој начин”, додаде српската премиерка.