Филипче да каже со што толку многу го задолжиле Заев и Груби што не сака и не смее да се огради и да се оттргне од Заев, порачува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста. Според ВМРО-ДПМНЕ „Филипче и СДСМ се заложници на Груби и не смеат да ѝ се извинат на јавноста поради тоа што дозволија милионски криминал од Артан Груби“.
„Филипче и СДСМ знаеја и молчеа додека Груби слободно ги крадеше народните пари. Филипче и СДСМ се соучесници во корупцијата, мегаломанскиот криминал и осиромашувањето на народот. Филипче и СДСМ не се извинуваат на граѓаните и се препелкаат во политичкото мочуриште затоа што се соучесници во епскиот криминал на Груби и ДУИ“, се вели во соопштението.





