„Оваа 2025-та ќе продолжи како и до сега: со македонизмот непожелен во Европската унија! Постојано се спроведува долгорочната стратегија на неолибералниот евроaтлантизам конечно да го затворат ’Македонското прашање’ заедно со нивните подизведувачи од нашето опкружување. Тоа е перфиден политички проект на ЕУ под кодно име ‘Голем ресет’ (‘The big reset’), во кој Македонците се третираат како проста маса, недоветни, без идентитет, историја и јазик. Тоа е операција стокмена по единствен рецепт од бугарска бајгањовска кујна: ‘Македонец’ и ’македонист’ се две различни нешта. Според тој рецепт, ‘Македонец’ означува етнички Бугарин, а ’македонист’ е карактерна особина за ‘родоотстапник и отпадник од најдолен вид’.“ – нагласува д-р Гроздан Цветковски во својата колумна со наслов „Украдени години“, која ја објави „Фокус“. Тој е безбедносен аналитичар, поранешен началник и главен инспектор во МВР, како и поранешен директор за аналитика во Агенцијата за разузнавање.
„Македонското прашање“
Покрај другото, натаму Цветковски пишува: Незадоволството од неолиберализмот, кое доаѓа од долу, ќе предизвика да престане да постои првин ЕУ. Барем во ваков формат ЕУ веќе станува нефункционална и вазал на САД. Но, ,,Блудницата Вавилонска” инсистира да бидат внесени 3.504 Бугари како ,,Тројански коњ” во Преамбулата на Уставот. Моделирани ,,северномакедонци со Стокхолмски синдром”. Бугарската доктрина од 1998 година предвидува дека ќе нема Македонци до крајот на овој век!
Декемврискиот самит на Советот на ЕУ за заеднички работи ,,ЕУ- Западен Балкан” донесе лицемерни заклучоци за проширување со Украина, Молдавија, Грузија и Турција и за Западен Балкан. Советот потсети дека „С.Македонија се’ уште не ги спровела уставните измени на кои се обврзала“, кои се клучни за отворање на првиот преговарачки кластер. За конечна операционализација на ,,македоноцидот” останува уште да се распише референдумско прашање: Дали сте за ЕУ и САД, со право да се откажете од македонизмот?





